Thursday, 25 May 2017

Catrice Spring Edition


Catrice често има нови производи што е за пофалба особено многу актуелни за секоја сезона. Денес ќе читате за дел од тие што јас ги пробав.

The nude Blossom Collection


Да почнам од мојот омилен дел, сенките. Кога ја видов палетава беше љубов на прв поглед, самите бои зрачат со пролет, одлични се за секојдневен нежен изглед. Пигментацијата е одлична особено сум изненадена од светлите нијанси.
Во палетата добивате 9 сенки, 2 мат и 7 сјајни. Имате една за хајлајт и една темна за контурирање "затемнување" на окото.


Омилена ми е нијансата со боја на лосос, стои прекрасно на секоја боја на очи, и најчесто ја нанесувам секогаш на горниот дел на капакот.
Исто така со база имаат доволна долготраност за да бидете слободни да ги користите на дневна база. Палетава ми се допаѓа и многу често ја користам за секој ден затоа што самите нијанси се носливи ама сепак впечатливи, ви ја препорачувам ако сте љубители на вакви по нежни нијанси.


Catrice Couture Mascara


Ова ми е прва маскара на Catrice и можам да кажам слободно дека многу сум пропуштила. Прво што ми се допаѓа е четката, голема е па ги опфаќа дури и најмалите влакна, пластична е и со многу запци/влакна кои што совршено ги оделуваат трепките и се добива голем волумен. Самото паковање е прекрасно особено дизајнот на капакот многу ми се допаѓа.
Тектурата е средно густа па без многу труд се добива одличен ефект на трепките, јас најчесто нанесувам два слоеви. Ако сакате да пробате нешто ново, квалитетно а сепак со пристапна цена дефинитивно ви ја препорачувам маскарава е прекрасна.

Catrice Ombre Lipstick


Обожавам Омре ефект на усните и дефинитивно ми е една од омилените техники и често ја користам. Прв пат кармин со две нијанси видов во Sephora  на Benefit Cosmetics ама цената беше вртоглаво висока па не ни помислив да го купам. Catrice секогаш ги следи трендовите па имаат нивна верзија од кармините и нормално едвај чекав да ги пробам.
Паковањето е преубаво, не е класично за кармин него има форма на дијамант друг збор не ми текнува. Catrice секогаш ме изненадува со дизајнот, продуктите изгледаат многу скапо и луксузно.

Текстурта на карминот е прекрасна, многу мека и кремаста, не е многу сјајна ама не е ни мат, најважно се чувстува лесно на усните. Плус во самиот состав содржи масло од арган па ниту најмалку не ги суши усните.
Апликацијата е лесна само треба да се навикнеш. На горната усна апликацијата е многу лесна затоа што самиот кармин има истакнат врв, малце е почудно на долната усна затоа што карминот треба да го свртеш така што светлиот дел од карминот да биде во внатрешнот дел на усните а темниот на надворешниот дел.


Омбре ефектот е нежен, ништо драматично се добива ефект на пополни усни. Трае околу 3 часа после тоа треба да се нанесе повторно.
Има 6 нијанси од кои што јас ја имам 05 Please Tell Rosy впечатлива розева нијанса совршена за пролет.



Целата колкција на производи многу ми се допаѓа, од карминот би купила и уште една неутрална нијанса само поради прекрасната тектура.

No comments:

Post a Comment