Tuesday, 25 April 2017

Rimmel The Only Matte Lipstick Review



Пролет/лето ми е совршен период за црвен кармин. Во комбинација со совршено нанесен туш и сјајна кожа мислам дека изгледа совршено а сепак шминката не изгледа досадно.
Денес ќе читате за еден од моите омилени црвени кармини се работи за новите The Only Matte кармини на Римел.
Карминот е спакован црвено паковање, изработено многу квалитетно да не се отвори при носење во чанта.
Целата колекција има 9 нијанси од кои што јас ја имам 500 take the stage класична црвена, имам многу поскапи high end црвени кармини ама текстурата од the only matte ми е дефинитивно омилена.

Бојата е прекрасна црвена стои одличн на сечиј тен, се нанесува многу лесно буквално се лизга по усните, дава чуство како да поминувате со кадифе. Текстурата е потполно мат и што е најважно не ми ги суши усните. Многу сум задоволна и од долготрајноста трае со часови, нормално после јадење треба уште еднаш да се нанесе.


Ако сте во потрага по совршен мат кармин, што е лесен за нанесување има супер долготрајност и што е најважно пристапна цена би ви го препорачала овој на Rimmel. :)

No comments:

Post a Comment