Wednesday, 5 April 2017

Max Factor 'CURL ADDICT' Mascara & Eyebrow Gel Review



Денес ви пишувам за два нови производи од брендот Макс Фактор. Маскарата 2000 Calorie ми беше една од омилените подолго време и скоро секогаш ја имав во несесер, па сега кога ја видов во нова "подобрена " верзија морав да ја имам повторно.
Исто така Макс Фактор има и гел за веѓи па во текстот подолу ќе читате како сум задоволна од овие производи.



Max Factor Eyebrow Gel

Ќе ви пишам веднаш, гелов многу ми се допаѓа и ја има таа совршена текстура за да им даде форма на веѓите, да ги фиксира а сепак на допир да не бидат твдри и да не изгледаат неприродно. Паковањето исто така е одлично, и четката е со совршена големина и за потенки и за подебели веѓи. 
Ако користите производи во камена форма или моливче гелов дефинитивно ќе ви го олесни секојдневното шминкање. Имам по дебели веѓи па често само малку ги пополнувам со сенка или моливче, па потоа нанесувам од гелов и ефектот е многу подолготраен.

Цена: 430 ден



Max Factor Curl Addict Mascara

Веќе ви пишав дека маскарава ја купував многу често затоа што ми го даваше посакуваниот ефект а сепак цената ми одговараше. Сега е во ново паковање и кога ја видов четката бев малку скептична. Ми се допаѓа тоа што е со многу влакна и четката не е пластична/гумена затоа што одлично ги раздвојува трепките ама големината малку ме загрижуваше.
Кога прв пат ја нанесов, не бев воодушевена од првиот слој, ама сепак почекав да се исуши првиот слој па нанесов втор слој. Тогаш ја видов магијата, со вториот слој добив многу поголема должина и волумен и некако по bombshell изглед. Трепките совршено ги раздвојува и лесно се добива ефект на свиткани трепки и волумен.


Во долготрајноста досега не ме разочарала ниту една маскара на Макс Фактор па тој проблем со разлевање го немав ниту со оваа маскара. Трае и изгледа совршено се додека не ја избришам шминката.

Цена: 600 ден.

No comments:

Post a Comment