Sunday, 12 March 2017

Anesi Beauty Review



За брендот Anesi прв пат дознав преку онлајн продавницата на Depileve и веднаш се заинтерсирав да ги пробам особено пилингот затоа што бев во потрага по нежен а сепак ефективен пилинг.
Денес ќе читате за маската и пилингот за лице од брендот Анеси а што мислам за нив ќе прочитате во текстот подолу.


Anesi Aqua Vital Exfoliant Review
Пилингот доаѓа спакован со пластична туба од 30мл. Текстурата е средно густа со бела боја и во самата текстура има ситни гранули. Самата текстура некако се чувствува мрсно на допир. Искрено овој производ ме изненади најмногу, при употреба не се чувствува ниту најмалку многу е нежен што го прави погоден за сите типови на кожа. После употреба кожата е премека изгледа и се чувствува многу чисто. 
Мене многу ми се допаѓа особено дека е многу нежен и не ми ја иритира ниту најмалку кожата а сепак ги чисти порите и нечисториите од кожата.
Јас го користам после туширање кога порите се отворени и тогаш добивам најмногу ефект.
Цена 590ден

Anesi Aqua Vital Masque 
Имам комбинирана кожа, ама оваа зима кожата ми беше толку сува што само хидратантен крем не беше доволно. Со маскава добив по сјајна кожа само по неколку употреби, кожата не ми изгледаше уморно него ми се врати стариот сјај. Сепак морам да напоменам ефектот не е видлив веднаш после првата употреба, веќе после неколку употреби може да се забележи сјајна и по нежна кожа и по изедначен тен.
Би ја купила повторно за зима кога когата бара повеќе нега.
Цена 540 ден.

Овие производи можете да ги најдете на shop.depileve.mk/

No comments:

Post a Comment