Sunday, 5 February 2017

Products I regret buying | Производи што не би ги купила повторно

Не сакам кога треба да пишувам негативни рецензии, ама едноставно не може секој производ совршено да ми одговара. Па денес ви пишувам кои производи не би ги купила повторно. Фотографиите се од интернет затоа што овие производи веќе завршија во корпа или ги поклонив на други што ќе можат да ги користат.

Maybelline Fit Me Foundation

За пудрава имаше многу позитивни критики и јас едноставно морав да ја пробам. Пудрава е за сува до нормална кожа никако не одговара за мрсна ниту комбинирана како што е мојата кожа. Пудрава е толку сјајна што не ми одговараше да ја користам ниту во зимно време кога кожата ми сува/нормална. Има слаба покривност и не беше долготрајна. Дефинитивно не би ја купила повторно. Сега имаат нова верзија за комбинирана/мрсна кожа па можеби би ја пробала таа верзија.
Фотографијата е од http://matejasbeautyblog.blogspot.mk/


Essence Stay natural Concealer

Essence како бренд ми се допаѓа и користам голем дел од нивните производи и сум многу задоволна, ама коректоров никако не ми одговара. Прво има многу мала количина, иако немам многу темни подочници сепак не добив никаква покривност единствен плус е нијансата, ама сепак не би го купила повторно затоа што Catrice за цена од 200 ден има одлични коректори.

Estee Lauder Sumptous Mascara

Има многу висока цена а не прави никакви чуда на трепките. За таа цена Clinique или Lancome имаат предобри маскари. Клинкете тука за целосната рецензија.

Avon Miracle Glow

Имав големи очекувања за маслово ама мене едноставно не ми одговараше дури ми предизвика негативна реакција на лицето како мали акни црнки итн. Сестрами пак има спротивен ефект го користи секојдневно дури и го меша со течната пудра и добива преубав сјај на кожата.
Јас не би го купила повторно.

Balea Face Wash

Многу нежен гел за чистење на лицето ама после употреба не го чувствувам свежо и чисто лицето дури и не ги отстранува остатоците од шмината. Веќе го поклонив и не би го купила повторно.

Isadora Liquid Matte Lipstick

Исадора е Шветски бренд и има предобри производи особено сенките и кармините па кога видов дека имаат нови течни кармини без многу мислење купив еден.
Ја зедов најсветлата нијанса, самата нијанса е прекрасна, убаво ми стои на тенот ама има ужасна текстура, многу слаба пигментација треба 3-4 слоеви да нанесам за да се познава бојата. За цена од 600 ден дефинитвно не вреди,

Balea Dry Shampon

Овој сув шапон никако не ми се допадна, дури уште повеќе ми ја залепи и ми ја направи уште помрсна косата. Не ми се допадна и не би го купила повторно.


Ова е мое искрено мислење само на тој одреден производ немам ништо против ниту еден од овие брендови, дури и ми се едни од омилените. Ако на вас ви одговараат овие производи слободно продолжете да си ги користите.

Кои производи вие не би ги купиле повторно?
Дали ви се допаѓаат ваков вид на постови?

No comments:

Post a Comment