Thursday, 2 February 2017

Max Factor False Lash Epic Review


Макс Фактор со нова маскара а јас како зависник од нивните маскари морав да ја имам. Паковањето е прекрасно, во златна боја која што воедно е и моја омилена, изгледа многу луксузно и елегантно.

Тоа што многу е специфично со оваа маскара е самата четка која што има специјална "zoom-action" врв, па ги опфаќа и најкраткитре трепки и им дава волумен и должина.

Мене многу ми се допаѓа и ефектот што го добивам со маскарите на Макс Фактор не го добивам со ниту една друга маскара.
За секојден преферирам по "природен" изглед на трепките, сакам волумен и должина ама сепак убаво раздвоени трепки. Со оваа маскара добивам баш "bombshell" изглед. Не е баш многу природен ама ниту не изгледа нешто екстремно, златна средина.


Четката ми се допаѓа, по специфична е и при користење се опфаќаат сите трепки. Исто така маскарава е предолготрајна ниту најмалку не се рони ниту размачкува а тоа ми е број еден при купување на една маскара.

Совет плус:
1. За ефект на густи трепки при нанесување на маскарата ротирајте ја и повлекувајте ја лево десно, од коренот кон врвовите.
2. За ефект на издолжување само повлечете ја четката од коренот кон врвовите, прво со четката а потоа за да ги опфатите дури и најкратките трепки повлечете со специјалниот "zoom-action" врв.




Маскарава ми се допаѓа и ја користам секојдневно. Ако сте љубители на маскарите на Макс Фактор морате и оваа да ја пробате.

Цена: 930 ден.

No comments:

Post a Comment