Monday, 30 January 2017

New Bourjois Healthy Mix Foundation and Concealer Review



Bourjois како бренд многу ми се допаѓа. Иако е "drugstore" по  изглед а и по квалитет е сличен како многу поскапи "high end" брендови.
За пудрата Healthy Mix имав читано само позитивни рецензии ама сепак никогаш не ја купив затоа што имам комбинирана кожа па незнаев дали ќе ми одговара. Само што видов дека Bourjois излегува со нова подобрена верзија веднаш се заинтересирав да ја пробам, затоа што кожата во зима ми е по нормална со некои суви делови па ова беше совршена прилика да ја пробам пудрата а воедно и коректорот.



Bourjois Healthy Mix Течна Пудра


Паковањето е едноставно ама практично. Стаклено шишенце со пумпичка што според мене секогаш е плус, дизајнот на амбалажата е со весели бои како и предходното. При нанесување се чувствува благ овошен мирис што многу ми се допаѓа.

Текстурата е течна ама не е ниту премногу ретка ниту премногу густа.

Покривноста е средна, со еден слој се добива лесна покривност и многу свеж изглед, со два слоеви се добива поголема покривност без да изгледа неприродно. Тоа што најмногу ми се допаѓа што оваа течна пудра ниту најмалку не ми ги истакнува порите баш напротив ги прави невидливи. На кожата се добива полу мат финиш, не е сјаен како што очекував него е баш природен здрав и дава свежина на лицето, па на фотографии лицето изгледа како фотошопирано.

Трајноста на мојата кожа му е задоволителна, иако приметив дека на т-зоната се брише побрзо а на образите и челото ми трае повеќе, тоа е сигурно затоа што и природно кожата таму ми е помрсна, па затоа на т-зоната ја фиксирам со камена пудра па немам потреба од поправки преку целиот ден. Трајноста му е околу 7 часа а на целото лице трае неколку часа повеќе што го прави одличен за секојдневно користење. Ако имате сува кожа верувам дека ќе ви трае многу повеќе иако 9-10 часа е повеќе од одлично. Пудрава мислам дека најдобро ќе одговара на сува, нормална до комбинирана кожа.

Нанесувањето на пудрата е најдобро со прсти или влажно сунѓерче на тој начин се постигнува најмногу покривност и пудрата најрамномерно се нанесува.

Пудрава ми е омилена за овој период кога кожата ми е по сува, од кога ја користам добивам многу комплименти за мојата кожа. Ако имате дехидрирана кожа оваа пудра е "must have" лесна е дава убава покривност и го враќа здравиот сјај на кожата. Многу ја препорачувам.

Цена: 860 ден.



Bourjois Healthy Mix Коректор



Не сакам да претерувам ама ова е еден од најдобрите коректори што го имам пробано. Текстурата е густа се чувствува многу лесно на лицето и трае со часови. Иако има густа текстура ниту најмалку не се вовлекува во линии дури и без да го фиксирам.
Јас го користам само за делот под очите и добивам свеж и одморен изглед. Единствен минус е нијансата затоа што и најсветлата е иста како мојата боја на кожа а јас сакам кога коректорот е барем 2 нијанси посветол од мојата боја на кожа, ама сепак тоа не ми представува некој голем проблем затоа што самиот коректор е предобар.
Овој коректор го препорачувам само за делот под очите или за хајлајт (осветлување), иако има средна покривност не е доволен за прекирвање на акни или други неправилности.

Мајка ми има сува кожа околу очите и ретко некој коректор да и одговара затоа што и се вовлекува во линии ама овој коректор и е совршен дури и го купи во друга нијанса соодветна на нејзиниот тен.

*На фотографијата имам нанесено од пудрата и коректорот и малку безбојна (транспарентна) камена пудра на т-зоната. Кожата ми е далеку од совршена како и сите и јас имам прошрени пори и некогаш мали акни на брадата, ама пудрава ги прави помалку видливи што е нормално.



Коректоров е многу квалитетен и многу ви го препорачувам, безразлика на возраста и тип на кожа овој коректор верувам дека ќе ви одговара. Ако ви треба коректор за нежно осветлување на делот под очите и лесна/средна покривност мора да го имате овој коректор.

Цена: 490 ден.

No comments:

Post a Comment